Пејачката Дара Бубамара се појави на промоцијата на албумот на колегата Емир Брунчевиќ со својот помлад партнер и во својот препознатлив, енергичен стил отворено зборуваше за приватниот живот и деловните успеси.
Фолк-пејачката истакна дека моментално е многу исполнета и сакана, но се пофали и дека ослабела неколку килограми, како и дека во живо изгледа уште подобро отколку пред камерите.

Покрај тоа, Дара пред присутните медиуми изненади со признанието дека речиси никогаш не носи градник, но и најави дека наскоро ќе покаже како изгледа целосно без шминка.

„Темпото ми е лудо, имав настапи, снимав за „Гранд“, лудница е. Следната недела одам на Кипар. Многу сум задоволна од животот, сите сме живи и здрави, имам син, имам момче, сакана сум, ослабев пет-шест килограми. Камерата додава осум килограми. Сите во живо ми велат: „Колку си витка, слаба и убава“. Јас сум многу поубава без шминка. Еден ден ќе дојдам да ви покажам како изгледам без шминка, дома сум без шминка. Јас сум енергична жена, поставувам трендови. Има жени кои се преубави без шминка, а има и такви кои се катастрофа. Тешка е нашата работа. Јас не носам градник, само во посебни прилики и тоа со чипка“ – рекла пејачката Дара Бубамара на промоцијата на албумот на колегата Емир Брунчевиќ.

Да потсетиме, пејачката Дара Бубамара неодамна беше во друштво на својот помлад избраник, успешен бизнисмен, а според објавите на Инстаграм, вљубениот пар не штедел на ништо.
Најмногу внимание привлече снимката од возењето во отворен кабриолет. Дара позираше со широка насмевка и со ветер во косата, носејќи минијатурно црно бикини и големи црни очила.
Зад воланот беше нејзиниот партнер, кој за дневното возење низ островот избрал опуштена, но елегантна бела кошула. На многумина им падна в очи колку пејачката е енергична и младешка, па разликата во годините речиси и не се забележувала.
foto: printscreen/instgaram/darabubamara_official





