Ќерката на пејачката Александра Пријовиќ и композиторот Филип Живојиновиќ, малата Арија, прооде, а сè тоа го фотографираше нејзината баба, Зорица Накиќ.
Гордата баба го сподели моментот со своите следбеници на Инстаграм. Таа објави снимка од семејниот дом на која се гледа како Арија ги прави своите први чекори.

Гордата баба сакаше да ја сподели својата среќа со следбениците. Малата Арија чекореше цврсто и самоуверено, без ничија помош. Арија наполни 11 месеци, а нејзините први самостојни чекори секако се еден од најубавите моменти за целото семејство.
Инаку, Александра и Филип својата наследничка главно ја чуваат подалеку од очите на јавноста, но членовите на семејството одвреме-навреме споделуваат по некој симпатичен момент од нивниот приватен живот.
Foto: Instagram printscreen/zo_na_ny






