Легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ напиша тестамент и донесе официјална одлука за распределбата на целиот свој имот. Пејачката одлучи целото богатство, кое ги опфаќа двата стана, куќата, ресторанот и заштедата, да му го остави на својот внук Радисав.
Сепак, како што истакна Лепа Лукиќ, постои еден посебен и строг услов кој нејзиниот наследник мора да го исполни за да го добие наследството.
„Напишав тестамент во кој наведов дека мојот внук мора да се грижи за мачката, доколку јас си заминам пред неа. Радисав треба да ја чува Маза, да се грижи за неа и да ја разгалува, а ќе наследи сè што сум стекнала во текот на животот. Сето тоа стои во документот што го чува мојот адвокат“, изјави Лепа за тамошните медиуми.
Пејачката и нејзината миленичка Маза живеат заедно од 2011 година, а Лепа не крие колку е емотивно поврзана со неа, истакнувајќи дека се грижи за неа како за свое дете.
„Таа е чудо од мачка, јас ја доживувам како свое дете. Затоа морам да се погрижам за неа и да знам дека ќе биде добро кога јас ќе заминам на оној свет. Од 2011 година живееме заедно како мајка и ќерка. Многу е паметна, па попаметна е од мене! Никогаш не се качува на маса додека јас јадам, како што прават другите мачки. Има свои гранули и кога ќе каже: „Мјаууу“, јас ја прашувам: „Сине, кажи ми што сакаш, кажи ѝ на мајка ти што сакаш?“ Одиме заедно до местото каде што ѝ стои садот за храна и ѝ ставам гранули да јаде. Кога ќе се најаде, одиме во спалната соба, јас го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека за да спиеме заедно. Да живеам сама, би полудела! Со Маза никогаш не сум сама“, раскажа пејачката за нивниот заеднички живот.

Дека Лепа останала приземна и скромна жена и покрај славата, богатството и статусот на „кралица на народната музика“, сведочат и нејзините соседи од нејзиното село, кои за неа имаат само пофални зборови.
„Таа е буквално онаква каква што е, ништо не глуми. Сосема нормална, скромна жена и тоа е тоа. Лепа доаѓа во своето село, а кога ќе дојде овде, сосема нормално се однесува. Ништо од тоа дека е некаква кралица на народната музика или нешто слично, туку сосема нормална жена. Како да не е славна“, изјавила своевремено една соседка за медиумите.
foto: printscreen/instgaram/lepa_lukic_official






