Радио Милева анорексија или лекови

На социјалните мрежи се крена прашина поради нозете на Адријана Лима: Снимката ја зголеми загриженоста (видео)

На социјалните мрежи се крена прашина поради нозете на Адријана Лима: Снимката ја зголеми загриженоста (видео)

Значително послабиот изглед на манекенката предизвика загриженост кај фановите поради можни здравствени проблеми.

Познатата манекенка Адријана Лима синоќа присуствувала на забавата на „Revolve“, организирана во рамките на Модната недела во Париз, која се одржува од 28 септември до 6 октомври. Снимката од настанот покажала колку ослабела, па дури почнале да се споменуваат и анорексија и одредени лекови кои, за жал, станаа популарни на светската сцена, бидејќи бројни познати личности ги користат за да ослабат, иако нивната намена е сосема поинаква.

Адријана Лима носела мини кожен фустан, налик на пократка кожна јакна, со впечатлив ремен од истиот материјал. Чантата и салонките во иста боја го заокружиле нејзиниот шик стајлинг, со кој го следи трендот на црна облека. Модната комбинација на славната Бразилка била во знакот на уште неколку трендови – едноставност во облекувањето, повторно во црна боја, и ретро модата со акцент на деведесеттите.

Со својот стајлинг доби бројни комплименти, но нејзината претерано витка линија ги засенила сите модни детали.

Адријана Лима покажа исклучително витка фигура. Коментарите многу зборуваат:

„Се надевам дека не е анорексија. Нејзините нозе никогаш не биле толку слаби“, „Какви се тие нозе?“, „Оземпик тело“ (се алудира на лек кој се користи во лекувањето дијабетес и треба да се употребува исклучиво за таа намена и под лекарски надзор), „Боже мој! Адријана имаше прекрасно тело, сега останаа само коски и кожа“, „Мис Оземпик“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iconadrianalima (@iconadrianalima)

Коментарите главно се поттикнати од загриженоста на нејзините фанови. Меѓу нив има и такви кои го фалат изгледот на Лима, но преовладуваат реакциите на изненаденост и шок.

Адријана Лима се здебелила за време на третата бременост. Во август 2022 година го добила синот Сајан со сопругот Андре Лемер. За жал, тогаш била изложена на негативни коментари, а се истакнувало дека неповратно ја изгубила некогашната линија. Често се зборувало и дека лицето ѝ е отечено од ботокс.

Лима тврди дека се противи на ригорозни и исцрпувачки диети, бидејќи енергијата ѝ е неопходна за напорните тренинзи. Покрај јогата и пилатесот, клучни резултати ѝ донеле високоинтензивните HIIT тренинзи, статичниот велосипед и нејзината голема љубов – боксот, кој го практикува со личен тренер.

foto: printscreen/instgaram/adrianalima

To top