Токму пред почетокот на новата сезона од кулиранското шоу „Брза кујна“, шеф Никола Мишковски ја заинтригира јавноста преку својот Фејсбук статус од кој посочи дека извесна ситуација поврзана со неговото здравје го вклучила црвениот аларм.
Како што дознаваме, шеф Никола имал посериозен здравствен проблем од кој била неопходна интервенција со вградување неколку стента, но сега е во добра и стабилна здравствена состојба.
На тоа укажува и неговиот последен статус во кој вели дека понекогаш мора нешто силно да те потресе за повторно да сфатиш што навистина е важно во животот.

-Цел живот се давав без резерва.
За работата, за луѓето, за туѓите проблеми…
Секогаш гледав сите околу мене да бидат задоволни, сè да биде завршено, никој да не остане без одговор и никого да не разочарам.
Трчав, решавав, премолчував, издржував…
И многу често себеси се ставав последен.
А потоа животот во еден момент те запира.
Без да те праша дали имаш обврски, дали некој те чека, дали утре треба да бидеш на работа.
И тогаш сфаќаш нешто многу едноставно:
Ниту една работа, ниту една функција, ниту едно „мора“, не вреди повеќе од животот, здравјето и луѓето што искрено те сакаат.
Не жалам што сум бил човек што се давал целосно.
Но од денес ќе научам дел од таа енергија да ја чувам и за себе.
На оние неколку луѓе што беа до мене кога навистина ми требаа — знаете кои сте.
Нема да ви го заборавам тоа. Понекогаш мора нешто силно да те потресе за повторно да сфатиш што навистина е важно во животот, напиша тој.
По ваквиот статус веднаш следеа и коментарите меѓу кои се најде и оној на колешката од „Брза кујна“, водителката Сања Савеска која на Никола му порача:
-Најважно е што си тука шефе. Чувај се и отсега мисли повеќе на себе, стои во коментарот.

Му посакуваме побрзо закрепнување и целосно враќање на животната енергија, со надеж дека лекцијата за важноста на сопственото здравје ќе му биде главен сојузник во иднина.

Публиката со нетрпение ја очекува новата сезона на „Брза кујна“, каде шеф Никола, овој пат со малку побавно темпо, но со истата професионална страст, повторно ќе го покаже својот кулинарски мајсторлук што добро го знаеме.
фото:facebook/Nikola Miskovski





