Ана Бекута и Цеца Ражнатовиќ повеќе не се следат на Инстаграм, нешто што веднаш го забележаа оние кои ги следат двете пејачки.
Ана Бекута ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и на колегите им посака сè најдобро, но изгледа дека не планира да остане во контакт со сите од натпреварувањето. Многумина се збунија кога забележаа дека Ана и Цеца повеќе не се следат на Инстаграм.

На социјалните мрежи веќе се шпекулира дали меѓу нив дошло до некаков проблем, но засега сè останува на коментари на социјалната мрежа „Икс“.
Пејачките сега за сега не се огласиле по овој повод.
Ова многумина ги зачуди, бидејќи Цеца и Ана за време на шоу-програмата изградија близок однос, а сега еден нивен потег ги изненади следбениците.

Неодамна Цеца го коментираше заминувањето на Бекута од „Гранд“.
„Ана Бекута оправдано си замина, тоа беше нејзина желба. Останатиот дел од екипата е уигран. Што да ви кажам, луѓето си одат, доаѓаат, еден ден ќе си заминам и јас, а „Ѕвездите на Гранд“ ќе продолжат да се снимаат и ќе дојдат нови луѓе кои ќе го разубавуваат шоуто.“
Од друга страна, Ана Бекута на концертот на Драган Којиќ Кеба изјави дека воопшто не жали што го напуштила музичкото натпреварување.
foto: printsreeen/instagram/zvezdegranda






