Мегафон на 23-ти октомври во СЦ „Јане  Сандански“...

И овој пат познати македонски музички имиња – специјални гости на концертот на „Меморија“: Со најпознатиот на проба за „Хотел Македонија“ (ВИДЕО)

И овој пат познати македонски музички имиња – специјални гости на концертот на „Меморија“: Со најпознатиот на проба за „Хотел Македонија“ (ВИДЕО)

До големиот концерт кој групата  „Меморија“ го подготвува за 23-ти октомври годинава, остануваат помалку од 30 дена. Бендот со полна пареа се подготвува во СЦ „Јане  Сандански“ – Скопје на својата публика да и приреди  уште еден концертен спектакл и повторно да и приушти незаборавна вечер за паметење со атмосфера, каква што само групата знае да приреди во својата  долгогодишна кариера.

Репертоарот познат, хитовите оддамна подготвени за пеење во еден глас, баладите исто така за да ги разбудат емоциите и ве одведат на прошетка по сеќавањата, поновите песни подеднакво стокмени за да се вклопат во целиот аудио-визуелен концертен мозаик кои „Меморија “ која таа вечер арената повторно ќе ја претори во музички театар на соништата.

 

За сонот да биде што поубаво јаве, бендот покрај сопствениот репертоар, како и обично на секој од големите скопски концерти подготвува и грст изненадувања во вид на специјални музички гости кои во одредени моменти ќе бидат сами или заедно со членовите на „Меморија“ на сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MEMORIJA (@vis_memorija)

Пробите – интезнивни, подготовките течат со полна пареа, а на нив и дел од специјалните гости. На последната – членовите на некогаш ултрапопуларната њу вејв група на генерациите од 80-ите, „Бон – Тон“. Томче и Златко се враќаат за да потсетат дека „Добрите девојки не го прават тоа”.

Меѓу сите ѕвезди и најпознатиот заедно со „Меморија“ на проба за неговата „Хотел Македонија“… Игор Џамбазов, заедно со Гуру Харе и членовите на бендот во акустична, анплагд варијанта како специјална изведба која ќе биде дел од концептот на концертното шоу на „Меморија“ и нејзините специјални гости, на 23-ти октомври во СЦ „Јане Сандански“, каде повторно „ќе гори оган под ѕвездите“.

Како звучи и изгледа работната атмосфера на групата, проследете  од едно парче од пробата на Игор Џамбазов, Гуру Харе и „Меморија“…

Фото и видео: Фејсбук. П.Г. Камиказа

To top