Пејачката Сека Алексиќ неодамна беше тема на јавни коментари, но и на нејзините колешки, поради нејзиниот нов изглед и 20-те килограми што успеала да ги намали.
Сека ја доведе својата линија до совршенство, а сега за првпат се соблече и го покажа своето тело. Таа со близок пријател замина на црногорското приморје, каде што изнајмија јахта на која уживаа.
Сека позира во црно бикини, лежејќи на палубата на јахтата, и ја покажа извајаната фигура која ја врати по шест години.

Извајани нозе, нагласен струк и раце на кои најмногу може да се забележи колку килограми изгубила Сека.

Сека Алексиќ неодамна зборуваше за својата борба со инсулинската резистенција, но и за промените што ги вовела за да го подобри своето здравје и изглед. Како што откри, со помош на ендокринолог започнала терапија, го променила начинот на исхрана и почнала редовно да тренира.
„Борбата траеше со месеци. Со години имав инсулинска резистенција и со мојот ендокринолог добив препорака да започнам терапија. Користев одредени инјекции, а покрај тоа го променив начинот на исхрана и почнав редовно да тренирам“, започнала таа.
Сека Алексиќ изгубила 14 килограми за седум месеци, а како што вели, овој процес барал од неа да направи големи промени.
„Направив големи промени во мојот живот и тоа никако не беше само еден потег. Тоа е комбинација од повеќе работи и не се случи преку ноќ, туку малку по малку“, рече пејачката.
foto: printscreen/instagram/seka_aleksic






