Пред да стане една од најголемите холивудски ѕвезди, Том Круз работел работа која нема многу врска со филмските сетови.
Во разговор за емисијата „Good Morning America“, Том Круз откри дека пред актерската кариера работел како помошник на домар во една зграда на њујоршкиот Upper West Side, каде што бил задолжен за одржување и разни поправки, што изненадило многумина.
„Морав да одам кај станарите и да им ги поправам работите. Бев мајстор за сè“, рекол Круз.

„Додека растев, работев многу различни работи. Поправав греење, секој ден го чистев мразот од влезот и се грижев ѓубрето редовно да се изнесува. Се грижев за сè што беше потребно.“
На прашањето дали и кон таа работа пристапувал подеднакво сериозно како кон актерството, Круз одговорил во својот препознатлив стил:
„Знам. Не можам да си помогнам. Едноставно велам: „Сакам да го поправам ова. Јас ќе го решам!““
Круз наскоро ќе се појави во филмот „Digger“ на режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту, во кој го игра ексцентричен нафтен магнат одговорен за еколошка катастрофа.
За оваа улога тој го промени изгледот со помош на протетика и вежбаше јужњачки акцент, но истакна дека ликот не е заснован на вистинска личност.
„Филмот не е заснован на никого“, рече Круз во подкастот „New Heights“ на браќата Тревис и Џејсон Келси.
За својот пристап кон актерството зборуваше и за време на средбата со новинарите во студиото на компанијата Warner Bros. во Калифорнија.
Тој објасни дека создавањето лик за него подразбира пронаоѓање рамнотежа меѓу хуморот, драмата и начинот на кој приказната ќе ѝ биде приближена на публиката.
foto: printscreen/instagram/tomcruise






