Мегафон

Манифестацијата „Движи се за здравје“ во организација на Детскиот културен центар – Карпош во рамки на Европската недела на мобилност

Манифестацијата „Движи се за здравје“ во организација на Детскиот културен центар – Карпош во рамки на  Европската недела на мобилност

Манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се одржи денеска по 12-ти пат со почеток од 10:00 часот на Фонтана Лотус, како традицоонална поддршка која ја дава ЈУ Детски културен центар – Карпош во рамки на Европската недела на мобилност, што се одржува од 16 септември до денеска.

Целта на оваа манифестација, како што се наведува во соопштението на ЈУ Детски културен центар – Карпош, е да потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст

На овој спортски настан учествуваат најмалите, децата од скопските градинки.

-Преку вежбањето и движењата, децата ја откриваат брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив – се вели во најавата.

.Во реализацијата учествуваа и студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. ац/нд/

Фото: ЈУ Детски културен центар – Карпош

To top