Радио Милева почести ли претседатело?

Она што му се случи на Игор Џамбазов, не го доживеале ни Силвио Берлускони во Милан, ни Флорентино Перез во Реал или Жоао Лапорта во Барса: „Ве сака ‘претседатело’ и се гордее со вас“

Она што му се случи на Игор Џамбазов, не го доживеале ни Силвио Берлускони во Милан, ни Флорентино Перез во Реал или Жоао Лапорта во Барса: „Ве сака ‘претседатело’ и се гордее со вас“

Кон крајот на месец март и почетокот на април годинава, во јавноста осамна информацијата дека покрај сите таленти, професии, хобија… мултимедијалецот Игор Џамбазов доби и една функција. Имено како новопечен дојранчанец, Џамбаз стана и претседател на фудбалскиот клуб  ФК Дојранско езеро,  кој како што беше речено,  доби нова организациска структура со доаѓањето на новата управа во која се вклучени луѓе кои искрено го сакаат фудбалот.  А претседателот по примерот на Силвио Берлускони во Милан,  Флорентино Перез во Реал или Жоао Лапорта во Барса, мора да биде исто толку познат во јавноста и популарен кај навивачите колку и тимот, односно фудбалерите. Овој нашиов и далеку повеќе од самите нив.

А токму тимот кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Исток, не само што не го изневери туку му приреди таква радост, такво пријатно изненадување кое не му се случило и не го доживеале ниту еден од споменатитите познати претседатели на великите клубови како Милан, Реал, Барса…

Имено,  Игор Џамбазов, во улога на претседател на ФК Дојранско Езеро, имаше голема причина за гордост и славење откако неговиот клуб запиша спектакуларна победа од 13:0 против Тиверија.

Фудбалерите на Дојранско Езеро доминираа во текот на целиот натпревар и приредија вистинска голеада, а најрасположен беше Доне Аргиров со пет постигнати погодоци.

По убедливиот триумф се огласи и Џамбазов, кој со гордост им честиташе на играчите и порача:

„Вчера, во второто коло на Третата лига, регион 3, ФК Дојранско езеро гостуваше во Струмица кај домаќинот Тиверија. Конечниот резултат е 0:13,
(и со букви, нула : тринаесет).

Доне Аргиров постигна пет гола, Љубе Тадиќ два, а по еден гол дадоа Ристо Миленковиќ, Милан Миленковиќ, Лазар Дучков, Георге Карамитров и Филип Зајков.

Момчиња наши, едно најголемо браво за сите вас … Ве сака “претседатело”, и се гордее со вас…“!

Победа од 13:0 која сигурно долго ќе се памети во Дојран — а „претседатело“ очигледно има сериозна причина да биде горд на својот тим… Ама и да ги почести! Фудбалерите со премија, пријателите со софра!

Фото: Инстаграм/igordzambazov

 

To top