Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ веќе осум години уживаат во хармоничен брак. Во текот на заедничкиот живот основаа семејство, а неодамна го прославија и првиот роденден на својата ќерка Арија. Иако денес изгледаат како еден од најскладните парови на регионалната естрадна сцена, почетокот на нивната љубовна приказна на многумина и понатаму им е непознат.

Бидејќи и пред да започнат врска често се среќавале благодарение на заедничкото друштво, Александра еднаш раскажа како всушност изгледала нивната прва средба.
„Не се сеќавам каде се запознавме, но знам дека судбината нè спои. Пред да почнеме да излегуваме, со години се среќававме на различни места, случајно. Се гледавме и кај Брена и Боба на приватни забави на кои често пеев, иако сето тоа беше случајно, без официјално запознавање“, раскажа Александра во една прилика.

Изгледа дека Филип уште на самиот почеток оставил силен впечаток кај Александра. Не ја освоиле само неговите манири и начинот на размислување, туку и еден навидум едноставен гест со кој ѝ покажал дека внимателно слуша што зборува.
„Штом го запознав, знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан на Вождовац. Веднаш ме освои со своите манири, начинот на размислување и ставовите. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е вистинскиот. Ме воодушеви првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што ќе пијам и што ќе јадам, за да донесе. Јас реков „ништо“, бидејќи знаете како е на почетокот, кога некој ви се допаѓа – ниту сте гладни, ниту сте жедни“, раскажа таа и додаде:
„Инсистираше да му кажам што пијам, а јас реков дека пијам само вода. Потоа се појави кај мене со пакет вода. Тоа ме освои, тој негов гест, бидејќи сфатив дека обрнува внимание на она што го зборувам. Кој би ви донел пакет вода кога се подразбира дека дома имате вода?“, истакна таа тогаш.

Да потсетиме, Александра неодамна зборуваше за својот однос со сопругот, по осум години среќен брак:
„Филип промени сè. Покрај него научив многу за животот, и приватно и деловно. Затоа секогаш велам дека сето ова е наше, бидејќи ако не беше тој, ништо немаше да биде исто“, изјави Александра, а потоа откри како таа и Филип ги усогласуваат бракот и работата.
„За нас сето тоа некако е исто. Заедно живееме и приватно и деловно. Секој ден. Мислам дека тоа е наша предност и благодарни сме за таквата можност. Во работата се случува понекогаш да имаме различни мислења, но целта секогаш ни е иста, па брзо се договараме“, неодамна изјави таа за „Story“.
foto: printscreen/instgaram/ f.zivojinovic/aleksandraprijovic





