Радио Милева празнична „свинска бајдера“...

Естрадни честитки за 35 години македонска независност: Цела естрада со песната и знамето, Анета Љумаковска со прасето!

Естрадни честитки за 35 години македонска независност: Цела естрада со песната и знамето, Анета Љумаковска со прасето!

8 – ми Септември 1991-та… Денот кога Република Македонија стана независна, самостојна, суверена држава… Многумина со право овој ден го сметаат за Трет Илинден!

8-ми Септември 2026-та година, три и пол децении подоцна. Македонија слободна, слободно живее и ја слави и одбележува 35 годишнината годишнината од Денот на незвисноста. Богато, достоинствено, свечено… Со низа културно-уметнички, и естрадно-концертни настани! Музички спектакли, концерти по градовите, две централни манифестации, музички караван, светска ДЈ ѕвезда на фудбалската арена во престолнината…

Денот на македонската независност го славеа сите, а многумина на себесвојствен начин и го честитаа. Најмногу преку социјалните мрежи. Сите па и познатите естрадни личности, пејачки и пејачи, ДЈ – и… И секој на свој начин со своја честитка да ни е вечна Македонија. И тоа воглавно со избрана песна што ја пеат или оди во позадина, соодветна фотографија или видео и  македонското знаме како емотикон, в раце, на себе,  покрај себе… Она старотото со сонцето од Кутлеш или ова актуелното!

Меѓу сите ѕвезди и таа… Анета Љумакоска со своја честитка за Денот на независноста на Република Македонија.

Само што нејзината многу поразлична…  Семејна, со „музичката фамилија“ – читај новата придружна група на пејачката насловена по нејзиното име. (Речиси) сите собрани на трпеза.

Што се однесува до прославата… Што е важно што се слави, дали Нова година или Денот на независноста, важно софрата да е богата!

Или што би рекле од приложените славенички фотографии: Цела естрада со песната и знамето, Анета Љумаковска со прасето! Нека е за многу години, макар празникот да се тера и со „свинска бајадера“!

Фото: Инстаграм/естрадни ѕвезди и Фејсбук/Aneta Ljumakovska/Gemini

 

 

 

 

 

To top