Синот на една од најпознатите хрватски пејачки Северина, Александар Поповиќ, направи голем чекор во животот, тргна во прва година средно училиште.
Гордата мајка по тој повод се огласи на социјалните мрежи и сподели фотографија. „Кога пред да трепнам, веќе прва средно“, напиша Северина додека гордо го гушкаше својот единец.
Мајката и синот позираа во лежерни комбинации, а многумина забележаа и дека Александар сега е повисок од својата славна мајка.

Времето очигледно лета, а момчето кое со години беше во центарот на семејните објави на Северина, денес веќе е тинејџер кој започнува ново поглавје во животот.
Пејачката се обидува неговиот приватен живот да го држи подалеку од јавноста, но посебните моменти, како родендени или важни животни пресвртници, повремено ги споделува со своите следбеници.
Александар во февруари годинава го прослави својот 14. роденден, по што мајка му тогаш му посвети емотивна објава.
„Четиринаесет години… откако првпат вдиша, а јас првпат сфатив колку срцето може да сака. Поминав низ бури само за да те прегрнам и низ тишини во кои одекнуваше само твоето име. И сè би повторила. Кога настана оваа песна, ти не го познаваше светот толку добро како јас… И се надевам дека никогаш нема ни да го познаваш… Среќен 14. роденден, сине мој…“, напиша таа.
Објавата тогаш предизвика големо внимание кај следбениците, кои воодушевено ги коментираа фотографиите и му посакаа на момчето најубави желби.
Foto: print screen/Instagram/severina







