Радио Милева „нашата ѕвезда“

Горда Македонка: Андријана Петрушовска го виореше македонското знаме во „Ѕвездите на Гранд“, а на конкуренцијата и одржа час по пеење (видео)

Горда Македонка: Андријана Петрушовска го виореше македонското знаме во „Ѕвездите на Гранд“, а на конкуренцијата и одржа час по пеење (видео)

Од круг во круг, нашата претставничка во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ Андријана Петрушовска очекувано, а и веќе видено од минатата сезона, се пласираше во полуфиналето за следната сабота.

Андријана како и секогаш со добро избран репертор го импресионираше жирито и секако гледачите и нејзини фанови од целиот регион чиј број станува се поголем.

Атрактивната скопјанка овој пат поддршката и наклонетоста на сите, особено на своите Македонци ја доби со истакнувањето на она што се вика Македонија, во комплетна смисла од тоа што таа може да го пласира таму.

Како и секогаш, младата ѕвезда во најава на претставниците од „Гранд“ им се обрати на македонски јазик, избра да ја пее „Јовано Јванке“, а како шлаг на целосниот пакет и визуелен приказ на сцена, Андријана во својот стајлинг го имплементираше и старото македонско државно знаме со сонцето или ѕвездета од Кутлеш.

-Горда сум што можам на Македонски јазик и во Македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за Македонската традиција и безвременските песни од кои при првиот такт заигрува Македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!

Моќниот вокал и наметката беа во фокусот од нејзиното претставуваше, а кога жирито го слушна изборот на Андријана, тастерите за глас инстантно се палеа, особено оној прв и значаен на Марија Шерифовиќ кај која поминуваат само најдобрите.

Бидејќи на шоуто веќе му се ближи крајот, коментарите на жирито стануваат се поизлишни, а од оние дваесетина кандидати кои останаа, речиси сите добиваат по изедначени шест гласови, па треба да пеат акапела која на крај одлучува, или можеби не’ според последната пракса?!

Токму во ваквото свое вокално претставување, Андријана одржа час по пеење, особено со оперските варијации на песната „Симпатија“.

Она што на многумина не им се допадна, па се пишуваа коментари на социјалните мрежи до негоглед, е дека Саша Поповиќ беше апсолутно неправеден кон нашата кандидатка, со тоа што без никаква претходна пракса (во случајот паричка за среќа) одлучи дека конкуренцијата на Андријана, Ѓула Дрина не мора да пее во бараж, туку оди директоно во полуфинале.

На крај сепак сите оине кои беа во ваква селекција, беше решено да  учествуваат во полуфиналната емисија, меѓу кои и Андријана Петрушовска.

Инаку, финалето како и секоја година ќе се емитува со дитектен пренос, закажан за 8-ми Јуни, а за истото во трка остануваат нашите тројца кандидати, Андријана, Мелиса и Мики.

Настапот на Андријана Петрушовска можете да го погледнете од видеото на 58:00

фото:Instagram printscreen/ Zvezde Granda/ andrijanapetrushovska

To top