Радио Милева тешките спомени од детството

Рада Манојловиќ израснала во тешки услови, вака зборува за сè: „Се капевме во леѓен и греевме вода“

Рада Манојловиќ израснала во тешки услови, вака зборува за сè: „Се капевме во леѓен и греевме вода“

Пејачката Рада Манојловиќ израснала многу скромно во селото Четереже, каде што живеела во трошна куќа, но никогаш не се срамела од тоа, туку секогаш со гордост зборувала за своето тешко детство.

И покрај сиромаштијата, таа секогаш имала безусловна љубов од своето семејство, а нејзината сестра Марија постојано ѝ била најголема поддршка.

Во една пригода, Рада детално се присетила на тешките услови во кои живееле.Водителката ја прашала Рада дали се сеќава кога првпат се искапела во вистинска бања, бидејќи претходно раскажувала како отишла кај една другарка која ѝ рекла дека ќе се истушира за две минути, по што пејачката останала во шок од помислата како е возможно тоа да се изведе толку брзо.

rada

Рада признала дека тоа за неа тогаш претставувало вистински културолошки шок кој не можела да го сфати. Таа објаснила дека во нејзиниот дом капењето било долг процес кој траел со часови, бидејќи прво требало да се наполни тенџере со вода, па да се загрее шпоретот, а потоа некој да те полива или самиот да се поливаш во леѓени и буриња, при што ќе се истури вода која понатаму мора да се собере и да се исчисти.

На крајот, пејачката додала дека не може точно да се сети кога првпат се капела во бања, но дека тоа најверојатно било токму кај споменатата другарка.

фото:Instagram printscreen/radamanojlovic

To top