Денес и утре 14 и 15 август), Битола ќе пулсира во ритамот на чалгијата. „Битолски чалгиски денови“ е првиот фестивал посветен на чалгиската музика во градот, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар – Битола.
14 август
11:00 – Семинар „Канон – Чалгиска музика“, Офицерски дом
18:00 – Пајтонско дефиле, Широк Сокак
20:30 – Чапче и Тајфата
21:30 – Филип Шурбевски Езгија Квартет
22:30 – „Мерак чалгии“, Димитар Андоновски и Бојан Стојков
15 август – Стара битолска чаршија
20:30 – Чапче и Тајфата
22:00 – Љубојна и Битолскиот Чалгиски Оркестар
Два дена чалгија. Два дена традиција. Една Битола. Да ја оживееме музиката на чаршијата и заедно да создадеме нова битолска фестивалска традиција, потенцираат организаторите.
фото:ЈОУ Културен и Информативен центар Битола / Јани Патче







