Пејачката и вдовица на естрадниот маг Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, се појави во емисијата „Амиџи шоу“ и зборуваше за животот без Саша, како и за нејзините планови за иднината.
На прашањето, како го гледа својот живот во следните неколку години и дали си размислувала за тоа, таа одговори:
– Планирав да останам со Сале, тоа го кажа Ванѓа, до моите 86 години. Што се случи, за да не се оствари само тоа предвидување на Ванѓа, ајде, објаснете ми сега… Нешто се случи, некаков превид. Не сакам ништо да планирам. Верник сум и во православието нема минато, нема иднина, важно е само да живееме сега и да сме здрави. Нека биде како што сака Бог, ако ми е судено да се вратам во шоу-бизнисот и музиката, можеби сериозно ќе се вратам, можеби не, не знам какви планови има овој горе за мене. Како сите и јас, посакувам само здравје и ништо повеќе. Кога си здрав, можеш да седиш во прашина и да бидеш среќен – вели Сузана и додава:

– Мој Сале имаше сè, но на крај немаше ништо. Имаше 70 години, на крајот немаше ништо, што можеше да понесе со себе од сè што стекна, ништо…. Само здравје и ништо повеќе – рече пејачката.
printscreen/youtube/AmiG Show





