Радио Милева На 50 години ја запали плажата во Охрид...

Светлана Црнокрак изгледа како времето целосно да ја заобиколува: Во бикини ги собра сите погледи, зашто кога ќе се соблече, не може вниманието да не го привлече!

Доволно беше едно селфи за повторно да стане главна тема на социјалните мрежи. Поранешната манекенка Светлана Црнокрак, која годинава наполни 50 години, со фотографија директно од охридска плажа покажа дека сè уште изгледа беспрекорно. Во атрактивно летно издание, со бикини, темни очила и препознатливата насмевка, Светлана уште еднаш потврди дека титулата една од најубавите Македонки не ја носи случајно

Светлана Црнокрак изгледа како времето целосно да ја заобиколува: Во бикини ги собра сите погледи, зашто кога ќе се соблече, не може вниманието да не го привлече!

Светлана Црнокрак и на 50 години покажува дека убавината, стилот и добрата форма немаат рок на траење. Откако во февруари го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, таа повторно ги разгоре социјалните мрежи со едно едноставно, но ефектно селфи од плажа, кое за кратко време собра бројни реакции и комплименти.

Дамата која со децении важи за една од најубавите, најелегантни и најшармантни јавни личности кај нас, уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка. Нејзината беспрекорна линија, негуван изглед и препознатлива харизма и денес оставаат силен впечаток.

Светлана деновиве ужива во летната магија на Охрид, но, вистинската „експлозија“ на Инстаграм следуваше кога објави селфи директно од плажа. Во опуштено летно издание,  впечатливи темни очила за сонце и атрактивен горен дел од бикини со животински принт, поранешната манекенка изгледа како времето целосно да ја заобиколува. Со препознатливата насмевка, Светлана уште еднаш потврди дека титулата една од најубавите Македонки не ја носи случајно со години.

Нејзиниот свеж изглед, затегната фигура и природен шарм повторно беа тема на коментарите, а многумина се согласија дека Светлана и денес изгледа подеднакво привлечно како и во манекенските денови.

Едно е сигурно – каде и да се појави, знае како да ги привлече сите погледи и повторно да биде во центарот на вниманието.

Фото: Инстаграм/crnokraksvetlana

To top