Хиларија Болдвин проговори за својот брак со холивудскиот актер Алек Болдвин и за бројните коментари што ги добива поради нивната 26-годишна разлика во возраста.
Поранешната учесничка во шоуто „Dancing with the Stars“ имала 27 години и работела како инструкторка по јога кога го запознала тогаш 53-годишниот Алек Болдвин. По само една година врска, двајцата се венчале, и покрај критиките што ги следеле уште од самиот почеток.

Денес, 42-годишната Хиларија и 68-годишниот актер имаат седум деца, а таа вели дека никогаш не била привлечена од неговото богатство.
Гостувајќи во емисијата PageSix Radio на SiriusXM, Хиларија призна дека е свесна дека нивната разлика во години кај многумина буди сомнежи.
„Бев 27-годишна инструкторка по јога, а тој беше богат и славен постар маж. Но јас не сум таква личност“, рече таа.

Хиларија откри дека уште на почетокот од врската Алек се обидувал да ѝ купува подароци, но таа постојано ги одбивала.
„Живеев во мал стан во Њујорк. Имав компјутер што едвај работеше и навечер го користев за да си ги загревам рацете. Му велев: „Не сакам да ми купуваш работи, затоа што сакам да бидам сигурна дека ми се допаѓаш поради тоа што си, а не поради тоа што го имаш“, раскажа таа.

Хиларија и Алек Болдвин се родители на седум деца – Кармен Габриела, Рафаел Томас, Леонардо Анхел, Ромео Алехандро, Едуардо „Еду“ Пао, Марија Лусија и Иларија Каталина.
На крајот, со доза хумор, им одговори на оние кои ја нарекуваат „спонзоруша“.
„Успешна спонзоруша ќе родеше едно дете и ќе си заминеше. Немаше да има седум деца, затоа што децата се многу скапи“, порача Хиларија.
Фото: Instagram / Hilaria Thomas Baldwin






