Мегафон приказна што трае

7-ми декември не смее да се пропушти: „Македонијо во срце те носиме“ – познатите 12 преработки на патриотски песни на сосема поинаков начин

7-ми  декември не смее да се пропушти: „Македонијо во срце те носиме“ – познатите 12 преработки на патриотски песни на сосема поинаков начин

Приказната наречена „Македонијо во срце те носиме“, која трае скоро две години и се раскажа во речиси сите македонски градови, ќе биде заокружена со голем концерт во Скопје, закажан на 7-ми декември во Филхармонија.

Овој пат Наум Петрески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Андријана Јаневска, ДНК, Александар Тарабунов,  Бојана Скендеровски, Марија Спасовска, Мина Блажев, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски… ќе пеат во придружба на голем симфониски оркестар под диригентската палка на Сашо Татарчевски, што значи дека веќе добро познатите 12 преработки на патриотски песни, публиката ќе има можност да ги чуе и доживее на сосема поинаков начин. Концертот ќе биде поразличен и по тоа што ќе биде дополнет со уште три композиции на кои, како што најави маестро Николче Мицевски, кој патем ги потпишува сите преработки, а овој пат ќе биде задолжен и за оркестрациите, сѐ уште вредно работи.

Зад реализацијата на проектот стои Скендеровски продукција од каде откриваат дека сите средства од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Инаку, влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com

To top