Мегафон На 31-ви октомври во МНТ

40 лета музика: Јубилеен концерт на Џон Илија Апелгрен

40 лета музика: Јубилеен концерт на Џон Илија Апелгрен

Ексклузивен музички настан со кој најпрепознатливиот македонски џез вокалист, Џон Илија Апелгрен, одбележува 40 години континуирано музичко дејствување!
Јубилеен концерт кој претставува ретроспективен преглед на една богата музичка кариера и нуди несекојдневно и уникатно искуство.

Публиката ќе има можност да ужива во ретроспектива на вокалните почетоци од рок групата Деус од 1984 година, потсетување на култните настапи на Макфест, изведби од хитовската серија концерти „Музичка прошетка“ со композиции на француски, португалски и шпански јазик. На концертот исто така ќе будат изведени и дел од безвременските композиции на маестро Драган Ѓаконовски Шпато, како и џез стандарди од репертоарот на Френк Синатра, премиерно ќе бидат изведени и композиции кои ги потпишува како автор самиот Апелгрен и композиции напишани специјално за Џон Илија Апелгрен од истакнатиот македонски џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски.

На сцената, Апелгрен ќе биде придружуван од фантастичен џез комбо бенд со кој често соработува на своите концерти овојпат поддржан и со гудачки квартет.
Како специјален гостин на концертот ќе настапи нашиот познат џез контрабасист, Мартин Ѓаконовски, кој има соработувано со најдобрите актуелни џез музичари во светот, а инаку член на првиот џез состав со кој Џон Апелгрен почува да пее џез, а тоа е составот М2. Музичките аранжмани и адаптации за концертот ги подготви Гордан Спасовски, победник на светскиот натпревар за најдобра џез композиција за биг бенд 2026та во Холандија.

Не пропуштајте ја оваа можност за допир со „Светско, а наше“ – вечер исполнета со квалитетна музика и врвна уметност!
Детали за настанот:
Датум: 31 октомври 2026 година
Време: 20:00 часот
Локација: Голема сала на Македонски народен театар (МНТ), Скопје

To top