Радио Милева тело - ремек дело

Ако ви е „килав“ денот „исплакнете очи“ на Никол Шерцингер во разни пози крај базенот (ФОТО + ВИДЕО)

Ако ви е „килав“ денот „исплакнете очи“ на Никол Шерцингер во разни пози крај базенот (ФОТО + ВИДЕО)

Никол Шерцингер нема причина да се срами да ја покаже својата сензационална телесна фигура. Фотографијата на Никол Шерцингер во едноделен црн костим за капење на 45 години е уште еден доказ дека годините не ви можат ништо кога правилно ќе им се спротивставите. Никол на Инстаграм покажа дел од своите адути и фантастичното тело.

„Фотографирање покрај базен додека (мојот вереник) се занимава со тешки работи“, напиша пејачката.

Никол и Том Еванс, познатиот рагбист, се свршија во јуни 2023 година.

Тие се запознаа на снимањето на британскиот X Factor во 2019 година. Пејачката беше судија во натпреварувачката програма, а Том се натпреваруваше како еден од членовите на тимот на „Try Star“ во атлетски акробации. Неговата група заврши на петтото место.

По снимањето на програмата, Никол и Том започнаа да се забавуваат и првпат беа забележани во Лондон во декември 2019 година. Нивното прво појавување заедно се случи на Златните глобуси во Беверли Хилс.

Фото и видео: Инстаграм/nicolescherzinger

To top