Мегафон На 23. Октомври...

„Оганот кој сè уште силно гори“: Концерт на „Меморија“ во СЦ Јане Сандански

„Оганот кој сè уште силно гори“: Концерт на „Меморија“ во СЦ Јане Сандански

Еден од бендовите што оставија силна трага во македонската рок-музика, „Меморија“, се враќа пред својата публика со голем концерт во Скопје. На 23 октомври 2026 година, арената „Јане Сандански“ ќе биде местото каде што повторно ќе се слушнат песните со кои генерации растеа, се вљубуваа и создаваа свои музички спомени.

Концертот е најавен под мотото „Оганот кој сè уште силно гори“, а организаторите најавуваат вечер исполнета со македонски рокенрол, емоции и препознатливиот звук на „Меморија“. Настапот е замислен како музичко патување низ времето, со песни кои и денес имаат свое место кај публиката.

Овој концерт има и посебно значење бидејќи „Меморија“ на сцената ќе ја донесе приказната за македонската рок-музика, не само преку сопствениот репертоар, туку и преку композиции и моменти кои го одбележале периодот во кој се создавал македонскиот рок. Најавено е концертот да има аудио-визуелен концепт, со сценска продукција и специјалните гости: Игор Џамбазов и Гуру Харе, давид темелков, Бени и Нон-Стоп, Бон Тон, Сара Илиевска, Александра Кировска, бендот „4“  со Фиц – екс Студени нозе.

Покрај хитовите на „Меморија“, на концертот ќе биде оддадено внимание и на музичарите и авторите кои го граделе рок-звукот во Македонија од шеесеттите и седумдесеттите години, па сè до периодот кога се појавува самата „Меморија“. Дел од вечерта ќе биде посветен и на Тоше Поп Симонов, чии песни ќе бидат повторно изведени пред публиката. Големиот концерт е дел од поширок проект поврзан со историјата на бендот и македонската рок-сцена.
Во подготовка е и документарен серијал во 12 епизоди, во кој свои сеќавања, разговори и настапи ќе имаат повеќе значајни имиња од македонската рок-музика.

„Меморија“ – „Оганот кој сè уште силно гори“  – концерт кој ќе се одржи на 23 октомври во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

Билетите се во продажба, со цени од 600 до 1.000 денари, онлајн на: www.karti.com.mk

Вечер за потсетување на едно музичко време, но и за нова средба со песните кои одамна станаа дел од македонската рок-историја.

To top