Промотер

Ѕвона, детски хор и празничен ритам: Павле Камилоски со нова новогодишна песна – „Иде Нова Година“

Ѕвона, детски хор и празничен ритам: Павле Камилоски со нова новогодишна песна – „Иде Нова Година“

Со новата новогодишна песна “Иде Нова Година”, Павле Камилоски претстави музичко издание кое ќе ја заживее празничната атмосфера во нашите домови и ќе ни ја разбуди радоста во срцата.

Песната, чија музика ја пишуваат Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот Ксенија Николова, ја носи магијата на празниците создавајќи уникатен музички пејсаж. Веселите ѕвона, дечињата кои пеат во хор и мелодичниот глас на Камилоски создаваат хармонија која нежно ја води душата во светот на новогодишните желби и радости.

Аранжманот е дело на Дамир Пух, додека хорскиот аранжман е на Наташа Миха. Малите славејчиња од детскиот хор “Крешендо” под диригентската палка на Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска, ја внесоа празничната хармонија давајќи и на музиката топлина и радост.

“Иде Нова Година” не е само музички спектакл, туку и потсетник дека Новата Година е време на нови почетоци, нови надежи и соништа кои се остваруваат. Ова е песна која ќе стане омилена во сите домови, носејќи ја радоста и празничната магија во срцата на сите нас.

Како звучи кога Павле Камиловски niz pesna ви ја доловува новогодишната атмосфера во „Иде Нова Година“, проследете во продолжение…

 

 

To top