Радио Милева посебен рефрен

Зуица Лазова „отвори душа“ за песната која и ја одбележа кариерата: „Барав од текстописецот да се преиначи песната, не можев… ќе заплачев на сцената“ (ФОТО)

Зуица Лазова  „отвори душа“ за песната која и ја одбележа кариерата: „Барав од текстописецот да се преиначи песната, не можев… ќе заплачев на сцената“ (ФОТО)

Познатата пејачка, телевизиска водителка и долгогодишна професорка по хармоника Зуица Лазова  во својата плодна повеќедецинска работа сними отрпилика 50-ина песни на број, но кариерата дефинитивно ѝ ја одбележа темата „Утринска коба“.

Многумина штом ќе ја слушнат плачат на таа песна, зашто во неа има многу тажни емоции, а Лазова сега проговори дека истите се поврзани со периодот кога починала нејзината мајка и затоа тој рефререн е за неа толку посебен.

„Луѓето не знаат, меѓутоа многу емоции се истурени врз неа за мојата прерано почината мајка на 51 година. Сепак барав од Борче да ја преиначи песната, да не биде мајка ми воопшто спомната, нели „Цветници“ таа година беше во живо, и сигурно ќе плачев и немаше да ја испеам песната како што треба. А таа песна доби седум награди, беше апсолутен победник во сите категории: аранжман, текст, интерпретација, прво, жири второ публика и Гран При“.

„Имаше и еден друг момент кој што исто ме тераше на солзи. А тоа беше моментот кога Наум имаше одредени здравствени проблеми и чекавме резултати“, открива Зуица.

Многу автобиографско има во сето тоа. Во сите тие песни кои сум ги испеала… Во “Малку барам јас”, “Барам љубов”, во “Капни солзо”… текстописецот Борче Нечовски ставаше по нешто мое. Секогаш барав да има нешто во текстот кое ќе ме допре, за да можам да ја испеам песната како што треба. Има по нешто автобиографско во сѐ – раскажува Лазова во интервју за порталот „Куларт“.
Фото: Инстаграм/zuicalazova
To top