Инфлуенсерката Зорана Јовановиќ објави видео од тенискиот турнир Мајами Опен, каде што проба скап хот-дог вреден сто долари.

Зорана, која моментално живее во Мајами со својот неодамна венчан партнер Елој Рума, го посети Мајами Опен, каде што го следеше трендот и го проба најскапиот хот-дог.

Имено, откако тенисерката Арина Сабаленка го проба овој оброк од 100 долари, на ред дојде српска инфлуенсерка која го доби од својот сопруг, со што веднаш се пофали на социјалните мрежи.

Овој престижен специјалитет се нарекува “Golden Glizzy” и е убедливо најскапиот хот-дог што се нуди како дел од понудата за кетеринг на тенискиот турнир на стадионот Хард Рок.

Оброкот се состои од колбас направен од премиум австралиско говедско месо „Вагју“ и е богато украсен со француски крем, висококвалитетен кавијар и јадливи златни листови.
Face: Instagram/printscreen/zorannah






