Радио Милева негативни коментари

Зорана на „столбот на срамот“  – Пејачката привлече внимание со стајлингот (фото+видео)

Зорана на „столбот на срамот“  – Пејачката привлече внимание со стајлингот (фото+видео)

Младата пејачка Зорана Миќановиќ се најде во центарот на вниманието кога беше нападната со нејзината мајка во Нов Белград.

Сега повторно го привлече вниманието, овој пат со својот стајлинг на едно нејзино појавување.

Таа успеа да шокира многумина, па нејзиниот стил го окарактеризираа како евтин и и понудија стилист.

Миќановиќ на сцената се појави во нешто што требаше да биде комбинезон, но повеќе личеше на облека за вежбање.

Долниот дел од оваа облека, кој наликува на облека за велосипедизам, постојано паѓал од пејачката, па таа го повлекувала нагоре неколку пати. Освен што им изгледал евтино, оваа облека им изгледала и многу непристојно, со оглед на тоа што комбинезонот бил толку тесен што бил исцртан секој дел од телото на пејачката.

Под видеото веднаш почнаа да се појавуваат коментари: „Каде ја купува облеката?“, „Ама зошто, зошто толку евтино?!“, „Секогаш ме изненадува со тоа колку е невкусна и со стил“, „ Теретана аутфит и штикли. Браво. Секоја чест. Аутфитот е хит“, „Сакам да бидам нејзин стилист“, „Изгледа како пејачка од панаѓур“, „Ова е Венди број два“…

Меѓу бројните критики имаше и една понуда. Една девојка ја означила пејачката и и ги понудила своите услуги: „Би сакала да се пријавам да бидам твој стилист, завршив такво училиште“.

фото: printscreen/Instagram/TikTok

To top