13. Maj, датумот кој им ја донесе најголемата среќа на инфлуенсерката и поранешна македонска пејачка Зорица Блажева и словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ кои станаа родетели за првпат.
Неколку дена по предвидениот термин за породување, Зои на свет донсе здраво женско бебе кое го носи името Мариа. Зои не криеше ниту еден момент од својата среќа додека беше бремена, а истото е и откако стана мајка.
Денес со измешани чувства, но со една примарна водилка- љубовта кон бебето и благодарноста кон Бога за остварувањето на најголемиот сон иако прогнозите за истиот биле непостечки поради нејзината дијагноза за тумор на хипофиза.
-Секогаш желбата и искреното молење успеваат, пред повеке од 6 години ми беше срушен најголемиот сон, а тоа е да станам мајка, знаете колку е тешко да живеете со таа помисла, кога доктор ве гледа во очи и ви вика со твојата болест не можеш да бидеш мајка , АМА НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖАВ од мојот сон, знаев дека ќе успеаме и дека сме заедно појаки, Бог е тој што одредува кој што ќе има и што заслужува. Фала ти Боже за овој дар , ти ветувам дека ќе го чувам овој дар како мала капка на дланка. Емоциите ми се помешани , некогаш ќе ви раскажам подетално за оваа тема. И ви благодарам на искрените честитки и зборови, пушува Зои во описот на приложеното видео.
Чувство на убаво, позитивни вибрации, надеж и мисла дека кога она што силно го посакуваш многу возможно е да ти се случи, па сонот да стане јаве.
фото:Instagram printscreen/
Инаку, бебето се роди во Германија каде моментално живеат бидејќи тато има спортски ангажман таму.
фото: Instagram printscreen/zoi.blaz