Пејачката Елма Синановиќ ги негираше обвинувањата и коментарите дека ги уредува своите фотографии на социјалните мрежи во Фотошоп.
Елма изјави дека не е под влијание на коментарите на другите луѓе, па затоа нема проблем да објавува фотографии од своето вистинско тело.

– Воопшто не ме загрижува. За моја голема жал, сè уште не сум научила како да ги фотошопирам моите слики, па додека не го направам тоа, ќе ме гледате вака. Знам од каде дојде таа приказна за моето фотошопирање, но јас сум некој што го игнорира сето тоа и генерално не се грижи – рече пејачката, кој води голема правна битка за семејниот бизнис.

Сепак, следбениците под нејзините објави на Инстаграм оставаат коментари за нејзиниот изглед, пишувајќи го следново:
„Веќе не личиш на себе“, „Елма, дали си тоа ти“, „Зошто толку вештачко, беше убава жена“, „Која е оваа“, „Ова не е Елма“…
фото: print screen/Instagram







