Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Jо на социјалната мрежа Инстаграм сподели неколку видеа од колегите Андреј и Панчо од групата ДНК и напиша дека е погодена од тажните настани кои се случија.
“Како се носите со толку тага? Со ваква тежина во градите? Со ваквата празнина која не удри со својата сила? Како да преболиме неправда? На кој начин да ја разбереме и прифатиме реалноста? Срцето ми е скршено на илјада парчиња”, напиша таа на Инстаграм.
Потоа сподели и видео од Панчо на кое и вели дека е “лошо момче” засекогаш, нешто што го има истетовирано на себе, и притоа напиша:
“А ти… добар наш Панчо… знам дека се бориш лавовски, само онака како што умееш ти… Сепак си ти нашето “лошо момче засекогаш”. Нема момент да не помисливме на тебе. Со тебе сме со цело срце и душа”, напиша таа за Панчо по пожарот во Кочани.
Големиот пожар кој избувна во клубот „Пулс“во Кочани, однесе 59 животи, а повреден е пејачот на групата ДНК Владимир Блажев – Панч0, кој беше голем пријател со пејачката Сара Јовановиќ.
фото: printscreen/instagram/sarajoofficial