Радио Милева да не си раат

Злоупотребени името и ликот на Лозано: Пејачот се огласи со демант- „Се оградувам од сите слични вести“ (фото)

Злоупотребени името и ликот на Лозано: Пејачот се огласи со демант- „Се оградувам од сите слични вести“ (фото)

На поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано му се наруши мирот и спокојот да го има на социјални мрежи, па и во медиуми во време кога тој ќе посака. Во период кога си е посветен на настапите низ земјава, Лозано беше вознемирен и се најде затечен од злоупотреба на неговите лик и име од објава која осамна на социјалните мрежи, а со истата тој си нема никаква директна поврзаност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Во случајот спорна е негова фотографија и изјава која всушност е измислена и не е негова, а во истата наводно е дел од одреден преоект на платформа за инвестициски услуги.

-Доколку ве пресретне овој линк и моја изјава во него, ве информирам дека е лажна објава и се оградувам од секаква поврзаност со неа, но и од секои слични вакви вести, некогаш помогнати и со AI, од непроверени извори кои го злоупотребуваат моето име, пишува Лозано и наедно ја демантира изјавата која се најде на посочената страница.

Лозано не е првиот естраден лик кој се соочува со вакви измами на социјалните мрежи. Каролина Гочева, Калиопи, Антониа Гиговска и други редовно се мета на вакви измами кои кружат на Фејсбук и Инстаграм, па не ретко објавуваат апел објавите да се земаат со резерва.

фото: Instagram printscreen/ vlatkolozanoski

To top