Живот и стил

Жените во 50-тите треба да ја избегнуваат оваа фризура

Жените во 50-тите треба да ја избегнуваат оваа фризура

Со соодветна фризура ќе изгледате до десет години помладо, тврдат експертите.

Жените во средните години, како што тврдат фризерите, треба дефинитивно да ја избегнуваат оваа фризура.

Станува збор за долгата, рамна коса. Стилистите тврдат дека ова е единствената фризура која апсолутно нѐ прави постари и на која треба да заборавиме штом се појават брчките на кожата.

Зошто рамната коса не е за жените во 50-тите?
Долгата рамна коса е едноставна, но елегантна. Иако сите сакаме ваква фризура и таа изгледа екстремно женствено, сепак во одредени години едноставно треба да престанеме да ја имаме на нас.

Што е проблем со оваа фризура?
Стилистите предупредуваат дека таа не му ласка на лицето, односно не ги нагласува најдобрите делови од лицето. Кога на вашето лице ќе почнат да се гледаат знаците на стареење идејата е да го нагласите она што е најдобро на вас, а да го покриете она што не ви се допаѓа.

Со што да ја замените оваа фризура?
Како што се однесува до облеката тоа треба да го направите и со косата – да ја оставите должината, но да ја стилизирате во слоеви. Слоевите дозволуваат фризурата да го истакне тоа што е најдобро на вашето лице, а да ги покрие знаците на стареење.

извор:точка.ком.мк

фото:Freepik

To top