Љубов и секс

Жени, која големина на машка гордост е идеална за вас?

Жени, која големина на машка гордост е идеална за вас?

Идеалните димензии на пенисот се вечна тема, како во женските, така и во машките кругови. Интернет страницата „penissizedebate.com“ одлучи да ја разреши дилемата, па поради тоа направи истражување во соработка со жените кои одговарале на разни прашања поврзани со големината на машката „гордост“. Студијата покажала дека идеалната должина изнесува од 18,41 сантиметар до 20,95 сантиметри, додека обемот треба да биде од 15,87 до 16,51 сантиметар. Сето она под, но и над тоа е големина која не е задоволителна.

Ви ја претставуваме листата на големини на машката „гордост“ во однос на тоа колку задоволство им носи на жените.

 

Одличен 5

 

Идеалната должина на машкиот полов орган е од 18,41 до 20,95 сантиметри, а обемот од 15,87 до 16,51 сантиметар.

 

Многу добар 4

 

Многу задоволителна должина, но не и идеална е од 15,87 до 18,41 и од 20,95 до 23,49 сантиметар, а обемот од 13,97 до 15,87 и од 16,51 до 17,14 сантиметри.

 

Добар 3

 

Задоволувачка должина е од 14,60 до 25,4 сантиметри, а обемот од 12,7 до 17,78 сантиметри.

 

Доволен 2

 

Големината со која сепак може да се ужива: должина од 12,7 до 14,60 сантиметри и од 25,4 до 27,94 сантиметри, а обем од 10,79 до 12,7 и од 17,78 до 18,41 сантиметар.

 

Недоволен 1

 

Должината на пенисот помала од 11,43 и поголема од 27,4 сантиметри е означена како „незадоволувачка“.

 

Па сега момци, метрото во рака и нека ви е со среќа!

Извор: Попара

To top