Мегафон тажна вест

Згасна млад живот: Во сообраќајна несреќа загина 27 годишниот актер (фото)

Згасна млад живот: Во сообраќајна несреќа загина 27 годишниот актер (фото)

Актерот Шанс Пердомо загинал како последица на сообраќајна несреќа со мотор, изјавиле неговите претставници за The Hollywood Reporter, а во несреќата нема други настрадани.

„Неговата страст за уметност и ненаситна желба за живот беа очигледни за сите што го познаваа, а неговата топлина ќе живее во срцата на оние кои најмногу го сакаа“, се вели во соопштението на неговите претставници. „Бараме да ја почитувате желбата на семејството за приватност додека тагуваат за својот сакан син и брат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chance Perdomo (@chance_perdomo)

Шанс е познат по улогите во сериите „Застрашувачки авантури на Сабрина“ и „Ген V“. Тој го толкуваше ликот на Амброуз Спелман во серијата „Застрашувачки авантури на Сабрина“, модерна верзија на серијата „Сабрина тинејџерската вештерка“, како и ликот на Андре Андерсон во серијата „Ген V“, која е спиноф на серијата „Момците“.

фото:Instagram printscreen/ chance_perdomo

To top