Радио Милева љубов до облаците

„Засекогаш и ден повеќе“: Се ожени актерот Сергеј Трифуновиќ – на венчавката го носеше и кучето, а невестата облече и костум (фото)

„Засекогаш и ден повеќе“: Се ожени актерот Сергеј Трифуновиќ – на венчавката го носеше и кучето, а невестата облече и костум (фото)

Актерот Сергеј Трифуновиќ изминатиот викенд во црква во Белград се ожени со својата избраничка Исидора. Двајцата по црковната венчавка направија семеен ручек за најблиските каде си ветија вечна љубов еден на друг.

Тие се заколнаа пред Бога во црквата Св. Апостолите Петар и Павле на Топчидер, а на овој свечен чин присуствувале само најблиските членови на семејството на младенците.

Невестата носела венчаница со бели детали од тантела и долг превез, додека младоженецот темно сив сатенски костум. Неговото куче беше со него цело време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)

Подоцна невестата се пресоблекла во црн костум, па таа и сопргот позирале пред црквата.

Тие двајца, како што дознава „Блиц.рс“, ќе прават свадба во септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)

Инаку, на профилот на Исидора на Инстаграм пишува дека таа се занимава со продукциска работа.

На споменатата социјална мрежа ја следат повеќе од 12.000 луѓе, а од нејзините објави се гледа дека е вљубеник во природата, патувањата и модата.

Исто така, Исидора е љубител на животни, а кога е со Сергеј на планина друштво им прави неговото куче.
Сергеј изминатиот период беше актуелен во медиумите и јавноста поради неговото приведување поради поседување наркостици.

фото:Instagram printscreen/ whistler_dick

To top