Харизматичната и талентирана пејачка, битолчанката Санела Шукриевска дебитираше на годинешниот Макфест со песната „Цунами“, чиј комплетен автор е Кирил Зарлинов
(ДЈ Ерик Фокс), а микс и мастерот е на нашиот познат хит мејкер и продуцент Јован Јованов. Стилски песната е во певлив поп-денс манир.

Инаку, Санела е студентка на Правниот факултет, а завршила отсек виолина во средното музичко училиште во Битола. Нејзиниот музички талент го наследила од татко и кој
исто така се занимавал со музика и ја охрабрил да се запише во музичко училиште.

Професионално започнува да се занимава со пеење на 15-годишна возраст, настапувајќи на бројни настани низ цела Македонија. Зела учество и на фестивали надвор од Македонија, конкретно во Грција и Молдавија, каде што освоила први места.

„Цунами“ е нејзината прва песна за која се надева дека ќе допре до срцата на слушателите и ќе предизвика вистинско цунами и во радиоетерот и на македонската музичка естрада.
Во продолжение потсететесе на песната од нејзиниот макфестовски настап…







