Радио Милева ги наследи спортските гени

Запознајте ја Ивана – ќерката на српскиот кошаркарски селектор Светислав Пешиќ (ФОТО)

Запознајте ја Ивана – ќерката на српскиот кошаркарски селектор Светислав Пешиќ (ФОТО)

Светислав Пешиќ, селекторот на српската кошаркарска репрезентација има такви резултати што со денови би можел да зборува за својата кариера.

Српскиот тренер не зборува многу за приватниот живот, а познато е дека со децении е во хармоничен брак со Вера Блажевиќ, која и самата била кошаркарка. Во својот долг и среќен брак, Светислав Пешиќ има две деца – синот Марко, кој денес е спортски директор на ФК Баерн Минхен каде и со години беше успешен кошаркар и ќерката Ивана, која на поинаков начин го наследи „спортскиот ген“ на својот татко.

Ивана Пешиќ, денес Ивана Јагла работи како личен тренер во Минхен, а на својот профил на платформата LinkedIn нагласува дека покрај физичкиот дел, во својата работа е фокусирана и на сите предизвици од секојдневниот живот кои влијаат здравје.

– Здравјето, перформансите и урамнотежената исхрана се најважните основи за физичка и ментална благосостојба – наведува таа и додава:

– Како личен тренер би сакала да ве придружувам професионално, да ве мотивирам и индивидуално да ве поддржам на вашиот пат кон поздрав и поспособен начин на живот.

Инаку, Ивана со години е во брак со германскиот кошаркар Јан Хендрик Јагл, во кој е вљубена повеќе од една деценија.

Фото: Инстаграм/ivanajagla/јј22/svetislav.pesic

 

To top