Членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, босанскиот композитор Драган Стојковиќ со години е на јавната сцена, а неговата сопруга не се експонира во јавноста.
Композиторот со години е во среќен брак со сопругата Дуња, со која ги има синот Александар и ќерката Александра Стојковиќ Џиџа.
Драган само еднаш зборувал за љубовта со сопругата и открил дека отсекогаш знаел дека таа е вистинската жена за него.
– Драго ми е што мојата сопруга никогаш не сакаше да биде ѕвезда . Таа е мојата најголема и најискрена поддршка во однос на нешто што се нарекува љубов кон семејството и децата..
Вистинската работа е кога ќе го почувствувате тоа. Се грижи за мене и ми го подготвува омиленото јадење. Многу сакам полнети пиперки, а таа ги готви неверојатно, како и урмашице, кадаиф. Сум пробал многу, но квалитетот на мојата Дуња може да се спореди со она од Истанбул – изјави еднаш Драган Стојковиќ.
Композиторот неодамна откри зошто неговата ќерка Александра Стојковиќ Џиџа се повлече од јавноста, како и дали ќе продолжи да се занимава со музика.
– Ќе продолжи да се занимава со музика, но моментално магистрира на Музичката академија, па ќе ја видиме во септември. Таа е прекрасна девојка, добра пејачка, образована, добро згрижена и не и требаат контроверзни бизнисмени – изјави Стојковиќ и додаде дека никогаш не помислил тој да ја води нејзината кариера.
фото: print Screen/Instagram/d.s.bosanac_official