Радио Милева (не)пријателство

За време на „Големиот брат“ Спејко и Ервин беа пријатели, а денес се „препукуваат“ преку медиуми: „Не е вистина дека се слушаме, Дарко дури ми го направи и ова…“ (фото)

За време на „Големиот брат“ Спејко и Ервин беа пријатели, а денес се „препукуваат“ преку медиуми: „Не е вистина дека се слушаме, Дарко дури ми го направи и ова…“ (фото)

Победникот на вториот регионален „Големиот брат“, кумановецот Дарко Петковски- Спејко неодамна за српските медиуми зборуваше за своето учество во шоуто од 2015 година, но и за неговиот нов живот во Абу Даби.

Имено, Спејко откри дека моментално работи како фитнес тренер и супер му оди.

„Откако Абу Даби стана мој дом, во Македонија ми остана семејството кое толку многу ми значи зa ако треба се вратам“, рече тој, а потоа откри дека се уште е во контакт со своите поранешни цимери, Барбара и Тина Шегетин и Ервин Мујаковиќ.

„Навистина ми се драги. Се слушам и со Ервин“, изјави тој за Net.hr

 

Но, босанскиот инфлуенсер Ервин Мујаковиќ откри дека не е точно дека Спејко и тој комуницираат, Спејко до неодамна го следел од социјалните мрежи.

„Не е точно тоа што го кажува, не се слушаме. До неодамна бевме добри и се гледавме онолку колку што дозволуваа нашите обврски. Можам само да шпекулирам зошто дојде до тоа да не комуницираме. Пред ова последно интервју, во кое изјави дека ќе се слушнеме, видов дека ме одследи од Инстаграм“, ни изјавил Мујаковиќ.

Инаку, Ервин  откри и дека Спејко наводно сакал да го напушти шоуто неколку дена пред финалето на „Големиот брат“, но тој одбил да го стори тоа.

„Тоа беше пред финалето на „Големиот брат“, поточно околу 4-5 дена. Тој сакаше да го напушти шоуто поради големиот притисок, а потоа, како и секогаш, бев покрај него и пријателски го советував да истрае и подоцна тој победи.

Мислам дека секогаш треба да знаеш да ги цениш искрените пријатели“, заклучил тој.

 

Објавата од изјавата на Ервин, Дарко ја сподели на социјалните мрежи, а дали и понатаму ќе ги решаваат недоразбирањата преку медиуми или интерно ќе го решат нетрпенито, тие си знаат најдобро.

фото:Instagram printscreen/ spejko/ervinmujakovic

To top