Катарина Ивановска секогаш има време за себе, односно успева да го најде и да балансира со обврските како професионална манекенка и мајка на две деца.
Извесен период е во врска со Стефан Ханџиски со кого навидум љубовната хармонија, ама периодов Катарина се реши да си даде пауза од секојдневието со децата и саканиот, а даде простор за авантура со другарките и тоа не било каде, туку на Ибица.
А таму, топло, мирно, опуштено…
Костим за капење, лаф муабети и сончање покрај море, совршено за месец октомври, сама и слободна како птица, Катарина ужива со другарки на Ибица.
Лесна облека, кежуал стајлинзи и нов имиџ, односно нова фризура, пократка, освежена и поразлична од порано.
Ваква или таква, секогаш супер и прилега, дали стокмена за профи фотка или вака спонтана, нашата Kатарина Ивановска секогаш е во топ форма, фиичка,а сигурно и прихичка вака ослободена од се’.
фото:Instagram printscreen/ katarina_ivanovska