Денес Катарина Ивановска го слави својот 37 – ми роденден, а нејзиниот Инстаграм профил беше преплавен со искрени честитки и убави моменти од пријателите и најблиските.
За својот посебен ден Mакедонскиот топ модел, доби огромна поддршка и внимание од оние што најмногу ја ценат.
Највпечатливо беше честитањето од нејзината блиска пријателка, позната пејачка Тамара Тодевска, која прво ѝ се јави преку видео повик.

Тамара и посвети неколку топли зборови и, со голема љубов, ѝ испрати неколку фотографии кои ја раскажаа нивната пријателска приказна и ја направија атмосферата уште повесела и посебна.



Исто така, Ивановска го украси денот и со искрените гестови од нејзиниот сегашен партнер, Стефан Ханџиски, кој ѝ испрати две внимателно избрани фотографии кои го покажуваат нивниот силен, љубовен однос. Тие моменти ја збогатија нејзината роденденска приказна, додавајќи му доза на романтика и топлина.


Со убавите моменти докажа колку и е важно што е опкружена со љубов, поддршка и вистински пријатели, а Катарина тоа го доби во најголема мера.
Foto: print Screen/Instagram/katarina_ivanovska







