Радио Милева како да беше вчера... ама не е

„Времето кога бев во Топ Форма“: Водителката Сања Савеска со сеќавања од пред тринаесет години (фото)

„Времето кога бев во Топ Форма“: Водителката Сања Савеска со сеќавања од пред тринаесет години (фото)

ТВ водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска, гледачите секој работен ден ја следат во популарното шоу за готвење, кое таа со задоволство го води.

Сања зад себе има доволно години искуство како водителка, а сега се потсети на почетоците од нејзината кариера и како репортерка.

Имено, таа пред слебениците на социјалната мрежа Инстаграм, на нејзиниот профил објави интересно видео со кое многумина успеа да ги врати назад во времето и просторот кој ја опкружувал.

 

„Кога ли поминаа 13 години… како да беше вчера… ама не е “ – напиша водителката.

На видеото кое го сподели покажа како изгледала тогаш, а во описот напиша дека тоа е времето во кое таа имала големи амбиции и работела во топ форма.

Допаѓањата од нејзините следбеници веднаш почнаа да се редат, а коменатрите за нејзиниот изглед и енергија беа позитивни како за тогаш така и за сега.

Фотo: printskrin/instgaram/sanja_saveska

To top