Украсите на елката со години полека се менуваат, класичните послека паѓаат во заборав, а трендот е да се закачуваат само малку лампиони и минимум украси на елката како минатата стапуваат на сила и оваа година.

Новогодишните елки на познатите повторно привлекуваат внимание, а една од најзабележителните е елката на македонската водителка и инфлуенсерка Елена Стефановска, сега позната како Најдоски.
– Време е ! – Напиша таа на Инстаграм приказната.

Таа избра елка која стигнува до самиот таван, украсена исклучиво со светкави светла во една боја, дополнета со џиновска црвена машна што ја обвива низ целото дрво — едноставно, но ефектно решение, како и неколку лампиони.

Во нејзиниот луксузен стан доминираат природни тонови, кои совршено се усогласуваат со избраната елка и нејзината декорација.

На дното на елката моментално недостасуваат подароци, но сигурно ќе пристигнат во изобилство, додавајќи магија на празничната атмосфера.

Foto: Print screen/Instagram/elena_zivotsostil







