Инфлуенсерката и поранешна ѕвезда на Онли фанс, Лорен Пишота, која воедно е и поранешната асистентка на Канје Вест тврди дека музичарот и рекол на својата сопруга Бјанка Цензори дека сака да има интимни односи со нејзината мајка додека таа ги гледа.
Лорен Пишота во петокот поднесе нова тужба против музичарот, која содржи десетици нови вознемирувачки тврдења, објави Дејли мејл.
Меѓу другото, тука е и скандалозното тврдење дека Канје Вест има многу специфичен фетиш, а тоа е уживањето во сексуалните односи со мајките на неговите девојки или минливите авантури, за кои често зборуваше јавно.
Во тужбата се наведува дека и Бјанка Цензори и нејзината мајка биле на мета на Канје, иако во тоа време таа не била негова сопруга, туку „негова вработена/учесничка во секс забави на покана“.
Пишота, исто така, истакна дека Канје наводно ѝ испратил скриншот на 28 септември 2022 година, во кој ја покажува неговата преписката со Бјанка за тоа како тој сака да има сексуални односи со нејзината мајка.
„Сакам да ја е*** твојата мајка, пред да замине“ – напишал во преписката Канје, како што се тврди во тужбата.
фото: printscreen/instagram/kanyewestbianca