Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, извесно време отсуствува од работа поради здравствени проблеми.
Водителот Зоран Пејиќ Пеја за медиумите повторно зборуваше за здравјето на Саша.
– Ситуацијата се подобрува, исклучително ми е драго, што не се жалиме. Јас се молам на Бога и сите наши пријатели се молат на Бога да победи. Тој е голем борец и голем човек и заслужи да го победи сето тоа. Се подобрува, многу е бавно, но е достижно – почна Пеја, а потоа откри како Поповиќ се држи во овие моменти:
– Феноменално се држи. Тој знае што треба да направи, го прави тоа. Тој патува, оди во Франција, па доаѓа дома. Овде има и прегледи, тука има и лекари кои се грижат за него. Сега е фокусиран на своето здравје. Сите контакти во врска со „Гранд“ ги остварува телефонски и дава директиви бидејќи се уште е музички маг и сето тоа без него не би било тоа што е – истакнува водителот.
Како што вели Пеја, неговата сопруга Сузана Јовановиќ цело време е со Саша.
– Сузана е таков борец, дише за Сале. Таа е покрај него 24 часа, додека тој спие, таа го чува. Таа се грижи за него, го вози. Тој е под нејзина контрола, тој е голем борец и таа голема лавица и ѝ симнувам капа за сета љубов. Сето тоа е нормално, долго време се во брак и немаа никаков стрес во бракот, уживаа – изјави Пејиќ за „Свет“.
фото:Instagram printscreen/facebook/ Zoran pejic paja/ zvezdegranda/suzanapopovic69