Радио Милева

Водителот Марко Новески објави прва фотографија со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ (фото)

Водителот Марко Новески објави прва фотографија со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ (фото)

Марко Новески важи за еден од најхаризматичните и најнасмеаните водители, а денес нема сомнеж дека неговата насмевка е најголема.

Марко  на 23 април 2024  обелодени дека заедно со сопругата Цена станале родители и тоа на близнаци.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша тогаш во објавата.

Сега неколку дена по раѓањето, водителот ја  објави и првата заедничка фотографија со нив каде веќе ги држи во раце.

„Мојата дупла среќичка“  – стоеше во описот.

За потсетување, Марко и Цена се свршија за време на корона пандемија, а Марко откри дека поради престапната година неговата сега сопруга решила таа да го побара за сопруг, насместо тој неа.

фото: printskrin/instgaram

To top