Празничната еуфорија веќе наголемо е започната. Секој се организира за предновогодишните прослави, особено оние со работниот колектив, па кафеаните и рестораните се преполни со весели гости кои секоја година периодов се собираат за испраќање на годината.
Водителките на утринската програма „Здраво Македонио“ како што е ред секојдневно си се дотерани и стокмени од глава до петици за пред камери, но сега поради празничниот период, секоја од нив избира нешто повпечатлив и посвечен или светкав стајлинг.
Вера Мештеровиќ, Милена Антовска, Александра Илиевска, Јелена Спенџарска и Цеце Николова за забава не чекааат да се случува само во ресторан, туку веднаш и таму, додека се на работа.
Весели, распеани, па и разиграни и тоа за повсока плата од најдоброто врцкање.
Секоја се обиде со она што најдобро го умее, а бидејќи од старт кадарот е во голата нога од високиот шлиц на Вера, таа на старт предничи и е во водство пред оној што треба да види и оцени.
Едната или другата, со или без покачување и финансиски повисоко салдо на некоја, тие важно си ја прават да им биде убаво, а кога ти е убаво работата си врви како песна и во старата, па и во Новата која е пред праг.
фото:instagram printscreen/aleksandra_panovska_ilievska