Водителката Марија Килибарда (43) и нејзиниот партнер Бранислав Бане Вучелиќ наскоро ќе станат родители.
Марија моментално е бремена во седмиот месец и чека девојче. Неодамна на својот Инстаграм сподели видео, и покажа како изгледа во поодмината бременост.
Имено, Килибарда посетила фризерски салон, ги сушела локните, облекла лелеав жолт фустан со пруги и не ја симнала насмевката.
– Прошетката траеше шест минути бидејќи е 859 степени. Но, новиот фриз и новите обетки мораа барем да се „изгребат“ – напиша Килибарда.
View this post on Instagram
Инаку, мајката на Бане Вучелиќ, актерката Љиљана Драгутиновиќ неодамна ја потврди веста за бебето.
– Да, тоа е вистина. Се криевме колку што можевме бидејќи таа е јавна личност, добра вест за нашето семејство – изјавила Љиљана за Блиц.
фото:Instagram printscreen/ kilimara