ТВ водителката и инфлуенсерка Ведрана Ѓорѓевиќ, и нејзиниот свршеник, диџејот и продуцент Ендру Мелер (чие вистинско име е Андрија Антиќ), направија црковна венчавка, по неколку месеци откако Андрија ја запроси Ведрана на Занзибар.
Ведрана и Андрија со насмевка на лицата влегле во божјиот храм, а нивните погледи говорат повеќе од зборовите.
Tие си ги кажаа црковните завети, пред мал дел најблиски личности кои беа дел од церемонијата, а венчавката се одлучиле да ја направат во Бигорски манастир.
Инаку, тие двајцата се венчале на 22 септември, а водителката сега ги сподели фотографиите на социјалната мрежа Инстаграм.
фото: rintscreen/instagram/vedrana_edrana